Македонците од Мала Преспа на традиционална македонска вечер во Канада

Од:

Традиционално во Мисисага, Канада,  Македонците со потекло од Мала Преспа кои што живеат во Канада и САД, по шести пат, изминатиот викенд организираа македонска вечер по повод православниот празник „Св.Архангел Михаил”.

Владимир Терпо македонски иселеник од Мала Преспа кој што живее во Канада за весникот „Македониум“ изјави дека гостите се дружеле до доцна во ноќта со македонски песни и ора со групата „Бисер Торонто”.

– Веќе станува традиција еднаш годишно, Македонците со потекло од Мала Преспа кои живеат во Америка и Канада да се собереме заедно за православниот празник „Св.Архангел и Михаил”. Овој ден претставува добро можност за сите нас да се дружиме, веселиме, но и да позборуваме за нашиот роден кра, изјави Владимир Тeрпо за весникот „Македониум“.

Според него, по1991 година за Канада и САД емигрираа значителен број на Македонци од Мала Преспа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски