Продолжуваат протестите на шведските камионџии против ослободителната пресуда за македонскиот возач на тешки товарни возила, кој во октомври годинава беше уапсен со фалсификувана бугарски документи, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Бројот на шведските возачи кои се потпшишале на протестното писмо, што под наслов „Еднакви услови за шведските транспортни претпријатија“ ќе биде испратено до шведската Влада, во текот на вчерашниот ден двојно се зголеми и моментно содржи преку 8.000 потписи.
Учесниците во протестите сметаат дека доказите против македонскиот возач се кристално јасни, без оглед на ослободителната пресуда. Во исто време претставниците на синдикалните организации и здрженија на транспортните работници во Шведска истакнуваат дека станува збор за протести кои се многу поголеми од самиот случај со македонскиот возач.
Се бараат еднакви услови и правила за сите кои возат во Шведска, независно од државјанството на возачите, поголема грижа за безбедноста во сообраќајот, стоп за недозволени транспорти по шведските патишта и намалување на платите во конкуренција со странски возачи.
Незадоволни шведски камиионџии вчера започнаа со своите протестни акции така што секој ден до Божик ќе ги паркираат своите камиони по 15 минути на страничната трака на автопатиштата.
Општинскиот суд во Сундсвал минтата недела изрече ослободителна пресуда за 44-годишниот македонски возач на тешки товарни возила, кој во октомври годинава беше уапсен со фалсификувана бугарска возачка дозвола и фалсивикувана бугарска патна исправа.
Судот донел таква пресуда бидејќи обвинителот не успеал да го оспори тврдењето на македонскиот возач дека верувал оти добил важечки документи, преку бугарски посредник во Македонија,за кого верувал дека бил претставник на надлежна институција.
Судскиот совет донесе одлука македонскиот возач да добие и обесштетување од 37.000 круни (околу 4.000 евра).
Моментно во Шведска се води истрага против повеќе слични случаи откриени во сообраќајот. Кон крајот на септември во Вестерос беше запрен друг македонски возач со фалсификувани бугарски документи, кои, според сопствено признание, ги купил во Македонија.