Бан: Потребно е што е можно поскоро признавање на Палестина

Од:

Неуспехот на меѓународната заедница да обезбеди политичко решение за израелско-палестинскиот конфликт ги поттикнува владите и парламентите да преземат мерки за признавање на државата Палестина, изјави генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун.

Тој говорејќи на манифстација за одбележување на Меѓународниот ден на солидарност истакна дека овој процес станува се поинтензивен.

Бан се огласи за прекин на израелската окупација на палестинските територии, укинување на блокадата на Појасот Газа и регулирање на прашањата, кои се однесуваат на гарантирање на безбедноста на еврејската држава, како мерки, кои се потребни за отстранување на „првичните причини за конфликтот“.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во изјавата прочитана на манифестацијата во ОН, ги поздрави промените на јавното мислење на западот, кои стигнале до „официјално политичко ниво“.

Тој го спомена признавањето на Палестина од Шведска, широката поддршка за нејзино признавање во парламентите на Велика Британија, Ирска и Шпанија, како и претстојното гласање во Франција и други европски држави.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина