Дури 70 отсто од Словенците незадоволни од Владата на Миро Церар

Од:

Со работата на словенечката Влада се незадоволни 70,4 отсто од граѓаните, а поддршката опадна и за партијата на премиерот Миро Церар, за која на јулските избори гласаа 35 проценти од избирачите, додека сега тоа би го направиле само 23 отсто, покажа денеска објавената анкета на агенцијата „Нинамедиа“.

Партијата на премиерот Церар веќе трет месец по ред ја губи поддршката од избирачите, и сега е зад водечката опозициска Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, за која во моментов би гласале 24 отсто од испитаниците во анкетата спроведена врз репрезентативен примерок од 700 лица.

Словенечките политички аналитичари ваквиот пад на поддршката на Владата и партијата на премиерот го толкуваат со владината блокада во која веќе повеќе од еден месец не успева да најде нов кандидат за министер за економија, но и заради новиот конфликт на владата и синдикатот на вработените во јавниот сектор.

Влада, имено, порача дека под притисок од Европската унија ќе мора да се согласи на намалување на платите за седум отсто, доколку синдикатот не се согласи на умерениот предлог на владата за рестрикции во примањата во следната година.

Заради тоа, пренесе Хина, синдикатите за почетокот на следниот месец најавија протести, со можност од штрајк.

Ниту една од трите последни словенечки Влади не доживеа така брз пад на популарности како оваа на Миро Церар, а карактеристично е дека избирачи губат сите партии во коалициската влада – покрај партијата на Церар и Социјалните демократи (СД) и Демократска партија на пензионерите (ДЕСУС).

Од друга страна, расте влијанието на опозициската Здружена левица (ЗЛ), која е изјаснува против мерките за штедење и приватизацијата, а која денеска на избори би ја поддржале осум отсто од избирачите, што е двојно повеќе отколку на изборите во јули, покажа истражувањето што минатата недела беше направено за љубљанскиот дневен весник „Дневник“ и телевизиската станица ПОП-ТВ.

На врвот на листата најпопуларни словенечки политичари, по  четири месеци, повторно се најде претседателот на државата Борут Пахор.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски