Обид за убиство на две лица во Ново Лисиче, едното во критична состојба

Од:

Две лица се повредени, од кои едно потешко при обид за убиство, ноќеска во скопската населба Ново Лисиче.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил ноќеска, околу 30 минути по полноќ, на бул.„АСНОМ“ во близина на зграда бр.25, кога три-четири засега непознати лица извршиле убиство во обид над Д.Б.(23) и С.Р.(22). При тоа еден од напаѓачите им нанел неколку убоди со нож во пределот на телата.

Д.Б. е во шок соба и се наоѓа во критична состојба.

СВР-Скопје превзема мерки за пронаоѓање на лицата.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари