Зошто владиката Агатангел молчи за црковното земјиште во Љубаништа?

Од:

Владиката на повардарската епархија, Агатангел, беше еден од најгласните во протестите против општина Центар, за наводното уривање на црквата во Скопје, иако се покажа дека таков план воопшто немало, а целата гужва беше создадена за партиското седиште на власта кое тогаш не беше почнато да се гради и можеше да се стопира со измена на планот.

Сега, кога државата одзема црковно земјиште во Љубаништа за бизнис зделки, истиот владика и тие што беа со него на протестите, молчат.

Ниту излегоа, ниту кажаа дали се противат на одземањето на црковното земјиште за багателна и смешна сума пари да му се даде на „странски инвеститор“ да гради на тоа место хотел и казина.

Единствен кој го крена гласот е митрополитот на дебарско-кичевската епархија, Тимотеј.

Црквата веќе доби решение со кое се експроприра земјиштето со површина од 18 хектари која Дебарско-кичевската епархија нема намера да ја продава и затоа го обжали решението пред Управниот суд, кој пресуди во корист на власта. Таков исход очекуваше Тимотеј, за земјиштето за кое владата понуди по 2 евра за квадрат.

– Каква одлука ќе донесе Управниот суд. Знаме ние судот чиј е. Не е на Отоманската Империја. Како и да е, ние не сакаме да ни го одземат земјиштето , рече тој уште пред одлуката на судот. Но ниту две ниту пет евра не е реална цена. Ај нека ни дадат тие на нас – еве ние сме подготвени да купиме ист квалитет на таква земја, на исто такво поднебје да ја купиме ние по истата цена која тие на нас ни ја даваат. Како и да е основно е дека ние не сме заинтересирани за продажба, изјави Тимотеј.

timotejZaV

Иако претхдно од „Сахара груп“ кажаа дека Субрата Рој се откажал од црковното земјиште од религиозни причини, а потоа стана јасно дека и целиот проект пропаѓа, зачудува упорноста на владата да го одземе земјиштето кое е во сопственост на црквата, а од проектот во моментов не постои ништо.

Има неофицијални информации дека е договорен „нов инвеститор“ од друг континент кој наскоро ќе пројави интерес за градење на комплексот во Љубеништа, но и се повеќе сомнежи за тоа кој навистина стои зад оваа бизнис зделка.

protest-veritas-crkva

За одземањето на земјиштето не се произнесе ниту „Веритас“ здруженито кое не е регистрирано, но беше гласно во одбрана на црквата.

Колку бизниси ќе правите на местото на црквата? – беше една од паролите кои ги носеа и извикуваа на протестите пред општината Центар, но сега „бранителите на црквата“ никаде ги нема.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата