Руски турист казнет со 20.000 евра поради сквернавење на римскиот Колосеум

Од:

Руски турист е осуден да плати казна од 20.000 евра заради вандалско однесување, односно за сквернавење на славниот римски Колосеум.

Проблематичниот 42-годишен руски турист бил забележан од чуварите додека со наострен камен се обидувал во ѕидот на Колосеумот да ја вреже буквата „К“, со големина од 25 сантиметри, пренесоа американските медиуми.

Освен паричната казна, Русинот е осуден и на условна казна од четири години затвор.

Ова, инаку, е петтиот случај во 2014 година како странски турист го сквернави Колосеумот.

Синдикалните лидери истакнуваат дека постои недостиг од чувари на римското археолошко богатство, додека се поголем број туристи бараат начини да остават своја трага на антиквитетите, предизвикувајќи непроценлива штета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале