Филипинскиот боксер, Мани Пакјао, ја одбрани титулата во велтер категорија, во верзијата на WBO, со победата над Крис Алгијери од САД.
Пакјао предизвикувачот го совлада на поени, иако во текот на мечот дури шест пати го испраќаше противникот на подот.
Филипинецот до 57-та победа во кариерата сепак дојде со едногласна одлука на судиите: 119-113, 119-113, 120-102.
„Задоволен сум бидејќи дадов се од себе. Се обидов мечот да го завршам со нокаут, но противникот беше брз и добро се движеше.Тој својот стил на борба го има донесено до перфекција, исто како што тоа го имам и јас направено. Тој успеа да ме повреди, но тоа беше само еднаш“, рекол по победата Пакјао.