Триумф за МЗТ Скопје против Игокеа

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром синоќа на гостински терен ја совлада Игокеа со 76:61 и со тоа ја прекинаа серијата од четири порази во регионалната АБА лига. Воедно за македонскиот шампион ова беше прва победа на туѓ терен и вкупно трета во деветте одиграни кола оваа сезона.

Аеродромци одиграа одличен натпревар, пред се, во одбраната во кој што му дозволија на домашниот состав да даде само 61 поен. Конечно профункционира и играта во нападот што во комбинација со цврстата одбрана на МЗТ Скопје му донесе убедлив триумф.

Најефикасни во победничкиот состав беа Дамјан Стојановски со 20 и Урош Лучиќ со 15 поени, Марко Симоновски имаше 12 реализации, додека Александар Цветковиќ постигна 10 поени и девет асистенции.

МЗТ Скопје во Александровац играше без црногорскиот интернационалец Сеад Шеховиќ, кој поради болест и висока температура не беше во можност да настапи.

Во тимот на Игокеа, Џонатан Џонс постигна 11 поени.

И следниот дуел од Јадранската лига аеродромци го играат на гостински терен. Во сабота на 29 ноември гостуваат во Љубљана кај Унион Олимпија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос