Во неколку спасувачки операции во Средоземно Море, недалеку од брегот на Либија, во последните 48 часа спасени се 691 имигранти во неволја, се соопштува во коминикето на италијанската крајбрежна стража, цитирано од француските медиуми.
Бродот „Грегорети“ на крајбрежната стража, што во морскиот коридор меѓу Либија и островот Сицилија го контролирал риболовот, во четвртокот ноќта ја напуштил својата маршрута и учестувал во пет спасувачки операции, во кои од различни пловни објекти во неволја биел извадени 520 имигранти.
Потоа „Грегорети“ се упатил на 60 морски милји северно од Триполи, каде им се придружил на два трговски брода, кои се отповикале на сигналот за помош, и при тоа биле спасени уште 171 имигранти.