Антивладините протести во Тирана минаа мирно

Од:

Антивладините протести, што денеска се оддржаа во Тирана, минаа мирно и на нив според проценката на организаторите, опозициската Демократска партија и обединетите синдикати, присуствувале над 250 илјади лица.

Симпатизери и членови на опозицијата, како и обични граѓани се собраа на плоштадот „Скендер бег“ и со пароли на кои пишуваше „Сакаме работа“, „против поскапување на струјата и зголемување на даноците“, “Рама оди си“… се упатија кон проштадот „Народни херои“ и запреа пред Владата.

Покрај неколкуте говорници, пред насобраните се обрати и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша, кој прво иронично се обрати до актуелниот премиер Еди Рама, велејќи дека за да не гледа колкав е бројот на насобраните на протестот се скрил во подземниот бункер на диктаторот Енвер Хоџа, кој инаку денеска беше за првпат отворен за јавноста.

Според Баша, албанските граѓани денеска не посакуваат пропаганди и реклами, туку работа и достоинство и влада која нема да ги лаже, туку ќе гарантира безбедна иднина.

-Ова не е влада, ова е несреќа, ова е зло. Во името на сите албански граѓани ја искажуваме нашата загриженост за денешнината и иднината. Албанците никогаш не ги заборавиле и не ги забораваат вашите лаги. Албанците не може да ги поразите ни со полициска држава, ни со сирмаштија. Не поигрувајте се со трпението на народот, со лебот на децата и нивната иднина. Албанците не се заситуваат со пропаганда и реклами. Албанците денеска велат дека сакаат работа и достоинство, порача Баша, најавувајќи продолжување на „војната за правда на граѓаните“.

На чело на поворката беше и поранешниот албански премиер и екс лидер на демократите, Сали Бериша, за кого денешниот е најмасовен протест оддржан кога било во Албанија, што е потврда на незадоволството на граѓаните од актуелната влада.

За безбедноста на протестот беа ангажирани големи полициски сили, а зградата на Владата ја обезбедуваа и припадници на Националната града.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја