Парламентарни и локални избори во Бахреин

Од:

Во Бахреин денеска се одржуваат првите парламентарни избори по четири години откако избија протестите инспирирани од Арапската пролет.

Според анкетите, голем број граѓани нема да излезат на гласање по повикот на шиитската опозиција за бојкот

Опозициската група Ал Вефак и уште четири групи повикаа на бојот на изборите со тврдење дека нема да се намалат тензиите меѓу сунитската монархија и активистите од шиитското мнозинство, кои продолжуваат со протестите и барањата за поголеми права и поголемо влијание во власта.

Вкупно 419 кандиати се пријавени на локалните и парламентарните избори. Кандидатите кои ќе освојат 50 проценти од гласовите, ќе одат во вториот круг, што ќе се одржи за една недела.

Ал Вефак, најорганизираното и популарно шиитско опозициско движење во Бахреин во 2011 година ги повлече своите 18 пратеници од Парламентот. Движењето бара уставна монархија и ја обвинува Владата дека не вложува искрени напору за помирување.

Изборите во Бахреин внимателно се следат од соседите, но и од Вашингтон. Во Бахреин има база на Петтата американска флота, а земјата учествува и во коалицијата против Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Америка одобри продажба на 50 тенкови за 2,2 милијарди долари на Бахреин

Бенет во историска посета на Бахреин, вети помош околу Иран

Ана Ололовска

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид утре во историска посета на Бахреин

А1он

Бахреин е втората држава во светот што ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

Жарко Настоски

Израелска тајна амбасада во Бахреин

Ана Ололовска

Рохани: Бахреин и Емиратите ќе бидат единствените одговорни за последиците од договорот со Израел

Ана Ололовска