Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните „Провентус“ од Скопје денеска ќе го одбележи интернационалниот месец „Моември“ со бесплатни прегледи на здравјето на косата на мажите од страна на стручни доктори, трихолози.
Прегледите ќе се одржат попладне во „Сити Мол“ во Скопје.
„Моември“ е месецот ноември, кој од 2003 година се одбележува како „машки“ месец за зголемување на свеста за рано откривање на машките болести како рак на простата, еректилна дисфункција, машки климактериум, ќелавост, ХПВ, кардиоваскуларни болести, стрес, `рчење…