Јеменскиот огранок на Ал Каеда упати критика кон групата Исламска држава поради прогласувањето на калифат на заземените територии во Сирија и во Ирак.
Духовниот лидер на јеменскиот огранок на Ал Каеда, шеик Харис ал Надари ги критикува и плановите на ИД за заземање на нови територии, со образложение дека слични експанзионистички планови водат до поделби меѓу џихадистите.
– ИД треба да се советува со другите групи пред да прогласи калифат, посочи ал Надари.
Критиките на ал Надари беа испратени преку Твитер.