(ВИДЕО) СДСМ: Раскопани и небезбедни улици ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Од:

„Од центарот на Скопје за да стигнеме до Стајковци наместо потребните 15 минути на нас граѓаните ни е потребен половина час.

Тоа е така бидејќи главната сообраќајна улица Алија Авдовиќ којашто поминува низ Сингелиќ и завршува во Стајковци се наоѓа во катастрофална состојба.

Погледнете, канонада од дупки и прекопи коишто тешко се поминуваат. Оваа улица  претставува вистинска опасност за граѓаните. Дополнително што од овде секојдневно поминуваат над 8 илјади возила“, рече на денешната прес-конференција Дејан Ристиќ, претседател на ОО СДСМ Гази Баба.

„Директно се засегнати 20 илјади граѓани бидејќи ова е главната сообраќајница и за уште неколку населени места, Црешево, Виниче Булачани, Смилковци, Раштак, Брњрци и Страчинци.

Веќе 15 години локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ безобразно ги лаже граѓаните дека улицата ќе биде реконструирана.

Ова е ликот на регионалната улица. Локалните улици во овие села се во уште полоша состојба. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тони Трајковски не ги остваруваат ветувањата дадени пред граѓаните.

Недозволиво е неодговорноста на власта да ја загрозува безбедноста на 20 илјади жители“, изјави Дејан Ристиќ, претседател на ОО СДСМ Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања