Од 28 септември протестите зачестија во југозападната мексиканска држава Гереро, а учесниците во нив бараат да се фрли светлина за исчезнувањето на 43-та студенти, грабнати и најверојатно убиени од наркодилери во соучесништво со локалната полиција и со локални народни избраници.
На почетокот на неделата, протестите прераснаа во насилие и го покажаа очајот кај луѓето од врските на власта со наркокартелите.
Кои се исчезантите студенти?
Тие се возраст помеѓу 18 и 21 година. Сите учеле во прва или втора година во вишото селскостопанско училиште во Ајосинапа, во државата Гереро. Градот од кој доаѓаат е познат бастион на социјалното незадоволство во една од најсиромашните држави во Мексико, во кој бројот на убиства е највисок во целата земја.
Што се случи на денот на исчезнувањето?
На 26 септемрви, 43-та студенти отишле во градот Игуала, 250 километри североисточно од Ајосинапа, за да соберат средства за да си го финансираат патувањето планирано за 2 октомври. На тој датум студентите имале намера да учествуваат во најавените одбележувања во престолнината по повод годишнината од убиството на околу 300 студенти од силите за безбедност за време на протесите во 1968 година, на плоштадот на Трите култури во квартот Тлателолко.
Според официјалната верзија за исчезнувањето на 43-та студенти во државата Гереро на 26 септември, општински полицајци ги нападнале младите затоа што земале автобуси кои се во сопственост на општината. Со нив момчињата сакале да се вратат во училиштето откако ќе ги соберат неопходните средства. Сведоци велат дека во редовите на полицијата имало вооружени мажи за кои се претпоставува дека се наркодилери. Почнала пукотница. Шестмина студенти загинале, а 25 биле ранети. Другите биле одведени со полицски автомобили. Од тогаш нивните семејства се без никакви вести за нив.
Која е судбината на грабнатите?
Според истрагата, студентите се предадени од полицијата на локалната наркодилерска група Герерос унидос. Тоа се случило меѓу градовите Игуала и Кокула. Дилерите од таа група се познати како главните снабдувачи на опиум и марихуана за Чикаго и САД.
Неколку членови од картелот потоа тврделе дека студентите биле убиени. На 8 ноември, тројца фатени членови на картелот раскажале дека најмалку 40 студенти биле убиени, а телата им биле изгорени на огромна клада, која горела 14 часови. Потоа остатоците биле фрлени во блиската река.
Овие признанија им овозможија на властите да ги откријат нивните изгорени остатоци, пепел, заби и изгорени коски, кои меби се на исчезнатите. Мексиканскиот министер за правосудство изјави дека ќе биде тешко нивно идентификување, за да се потврди дали се тоа телата на исчезатите момчиња. Експерти велат дека има само две делчиња од коски кои се добри за ДНК анализа и кои ќе бидат испратени во австриска лабораторија.
Сценариото за убиството на студентите всушност беше отфрлено од нивните родиттели, кои сметаат дека признанијата од наркодилерите немаат вредност без уверливи докази.
– Додека немаме докази, нашите деца се живи за нас, рече Фелипе дека Кру, кој дава изјави во име на родителите на исчезнатите студенти.
Кој го нарачал нападот врз студентите?
На 4 ноември, мексиканските власти го упасија градоначалникот на Игуала, Хозе Луис Абарка и неговата сопруга Марија де лос Анхелес Пинеда Вија, кои избегале два дена по грабнувањето на студентите. Редица елементи од истрагата наведуваат на тоа дека двајцата во основа учествувале во нападот. Според истражителите, градоначалникот се плашел дека студентите кои веќе претходно учествувале во протести и кои биле насилни, против него мај и јуни 2013 година, ќе го саботираат работењето на центарот за грижа на деца, за кој е одговорна неговата сопруга.
Марија де лос Анхелес Вија е сестра на познати наркодилери. За неа се зборува дека таа раководи со дејностите на Герерос унидос во Игуала. Според дописникот на Монд од Мексико, градоначалничката двојка спроведувала терор во градот. Истрагата покажа дека Абарка плаќал месечно над 150 илјади евра на Гегеро унидос. Дел од парите оделе за убијците во картелот, кои прикриени како општински полицајци биле користени за вршење притисок врз опозиционерите.
Лидерот на Герерос унидос, Сидонио Касарубинас, всушност даде поинакво образложение. По неговото неодамнешно апсење, тој изјави дека неговиот локален командир во Игуала дознал дека групата студенти биле дел од конкурентска криминална банда. Касарубинас тогаш дал одобрение за вооружени дејства против младите, за да ја заштити својата територија.
Зошто протестите кои избувнаа по исчезнувањето на студентите продолжуваат?
Уште во првите денови по исчезнувањето, многу протести беа органзиирани во западно Мексико. Оние кои протестираа изразија незадоволство од неефикасната потрага по младите од страна на властите. Неколку протести прераснаа во насилства и беа причина за убиства.
Откако наркодилерите ги дадоа своите признанија за судбината на студентите, протестите станаа уште пожестоки. Таа ноќ, тие за запалија централата на партијата на мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието во градот Чилпансинго, престолнината на државата Гереро.
Во поширок опсег протестантите го изразуваа својот гнев против владата која ја нарекуваат нарко-влада, во реон каде грабнувањата и масовните убиста се во пораст. Оваа година најмалку 80 тела беа ексхуминари од нелегалните гробови од долината на Игуала.
– Случајот со студентите беше капката која ја прели чашата на трпението, вели Абел Барера, директор на Центарот за човекови права во Гереро.
Организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч, соопшти дека имало 149 случаи на исчезнувања во Мексико во последните шест години, во кои биле вмешани армијата, морнарицата, федералната полиција или државни и локални полицајци.
Монд – Париз