Француски неделник објави фотографии на Оланд со Жули Гаје во паркот на Елисејската палата

Од:

Фотографии од францускиот претседател Франсоа Оланд и актерката Жули Гаје во паркот на Елисејската палата објави денеска неделникот Воаси.

Според медиумот, фотографиите се направени во октомври.

Нивната наводна врска беше откриена пред речиси една година и поради тоа „пукна“ врската на Оланд со новинарката Валери Триервилер.

Уредничката на Воаси, Марион Алембер, Жули Гаје се „чувствува како дома“ додека е во Елисејската палата.

– Таа таму често ги поминувала ноќите и викендите, наведува Алембер.

Медиумот додава во извештајот дека Жули Гаје е „речиси официјална прва дама на Франција“.

Триервилер по прекинувањето на врската со Оланд ја објави книгата Благодарам за моментот, во која ги опишува годините поминати со Оланд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм