Македонските пратеници не отидоа на конференција во Албанија за ЛГБТИ правата

Од:

Нема претставник на македонскиот парламент на регионалната конференција за недискриминација и ранливи групи која се одржува во Албанија под покровителство на Европската комисија, Европскиот парламент и италијанското претседателство со Советот на ЕУ.

На оваа конференцијата на земјите од Западен Балкан и Турција, учествуваат пратеници од државите на Западен Балкан и Турција, како и претставници од невладиниот сектор. Учесниците од Македонија констатираат дека ниту еден пратеник од Македонија не дошол на конференцијата која е фокусирана на правата на ранливите групи во регионот.

Како што соопштуваат активистите, единствените Македонци на конференцијата се претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација, Душко Миновски, програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Кочо Андоновски и претседателот на ЛГБТ Јунајтед, Беким Асани.

„Ниту еден од пратениците на Парламентот на Република Македонија не го следеше примерот на своите колеги од сите други поканети држави и како резултат на тоа, Македонија е единствената држава која нема свој парламетарен претставник на овој значаен регионален настан“, стои во известувањето на веб страната на ЛГБТИ Центарот за поддршка.

lgbtpratenici

На свеченото отворање биле нотирани напорите што Албанија ги прави за заштита на ранливите категории. Упатените веќе коментираа дека легислативата на оваа земја е далеку понапредна кога станува збор за заштитата на правате и слободите кај загрозените групи. Во соседната држава е формирано и координативното тело помеѓу претставници на Владата, државните институции и НВО секторот на Албанија, чија задача е подобрување на правниот и социјалниот статус на ЛГБТИ луѓето во Албанија. Во Македонија, од друга страна, се преземаат чекори за промена на Уставот со што би се нанел нов удар на луѓето кои не се хетеросексуално ориентирани.

„Останува отворено прашањето колку Република Македонија може навистина да напредува во оваа област, имајќи ја предвид незаинтересираноста на македонските пратениците и нивното отсуство на овој значаен настан. Потсетуваме дека оваа година за прв пат во својот Извештај за напредок на РМ, Европската комисија го помести прашањето на дискриминацијата врз ЛГБТИ луѓето во своите политички критериуми за членство, а не само во делот каде известува за состојбата со фундаменталните права и недискриминацијата. Останува отворено прашањето: до кога ќе недостасува политичка волја и ќе се игнорираат правата и слободите на припадниците на ранливите групи (земајќи го предвид, исто така, изложувањето на насилство на овие групи), односно до кога истите нема да бидат заштитени и гарантирани подеднакво како и за другите граѓани?“, соопштуваат активистите на ЛГБТИ центарот.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on