ФОТО: Протести во РЕК Осломеј-бараат ХТЗ опрема и ветената плата

Од:

Вработените во РЕК Осломеј излегоаа на улиците и го блокираат сообраќајот по 23 часа на ден кон ископот и термоелектраната. Причина е нивно незадоволство од како што велат непочитувањето на договорот при нивното вработување и речиси двојно помалата плата од таа што била договорена, но и поради работење во опасни услови цела година без ХТЗ опрема.

Од Советот на вработени кој го организира протестот велат дека преку Агенција за привремено вработување бил објавен тендер за 317 работни места со просечна бруто плата од 45. 000 денари. Наместо тоа, цела година добивале само 25.000 денари плата.

-Ние од директорите баравме да ни се изедначат платте, бараме ХТЗ опрема, работиме без неа, а сме изложени на доста опасности, сепак ова е рударски комбинат. Немаме ни прецеизен опис на работните места. Кога ќе се решат овие три проблеми, тогаш и ќе престане простестот, велат вработените од ископот и термоелектраната.

kicevoProtest (1)

-Ние сите знаеме то работиме, правни игри се тоа, ама ние бараме опис на работното место. Ние штрајкот ќе го изведевме и во комбинатот, но зашто немаме опис на работни позиции не можеме. Затоа излеговме надвор на улица. Се работи со селективна блоката, се блокира патот кон електраната по 23 часа на ден, а се пуштаат возила само на еден час. Локалното насление може да проаѓа непречено, велат од Советот на вработени.

На протестот се излезени околу 200 луѓе и како што велат ги има од сите националности. Притисоци имало да се сопре протестот, но велат дека тоа нема да се случи додека не се реши проблемот.

За прв пат за 20 години од сите националности се излезени на протест и покрај притисоци од двете партии на власата. Не можат да не окарактеризираат како партиски луѓе, зашто поголем дел сме од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ, велат од Советот на вработени.

kicevoProtest (4)

-Фактичката состојба е дека просечна бруто плата е 25.000 денари повеќе од една година. Сега бараме мирно решение. Ни се закануваат со откази, но ако, нека не отпуштат че одиме на суд да бараме тоа што не следува, велат вработените.

Според нив, поради блокадата и протестот на оваа група примени преку Агенцијата за провремно вработување, тие што останале на работните места биле терани да бифат на смена и по 23 часа.

-За жал, трпат другите вработени . По 23 часа работа ги држат на смена. Раководителите си седат по дома, велат од Советот.

kicevoProtest (2)

Тие најавуваат дека протестот ќе трае еден месец сигурно, а ако не се решат проблемите најавуваат негово проширување во Кичево, и приклучлување на голем дел од нивните семејства и пријатели.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски