Франција нарача 12 авиони-танкери од „Ербас“

Од:

Франција сака да ја засили својата позиција во воените коалиции, како таа што во моментов делува над Ирак и Сирија, па за таа цел нарача 12 авиони-танкети од типот „Ербас А330 МРТТ“, јави дописникот на МИА од Париз.

Порачката тешка три милијарди евра е официјализирана од министерот за одбрана Жан-Иве Ле Дриан. „Ербасите А330 МРТТ“, ќе треба да ги заменат веќе старите летачки такери „Боинг КЦ135“ на француското Воено воздухопловство, кои се стари 50 години.

Првите авиони-танкери произведени од „Ербас“, француското Воено воздухопловство ќе ги добие во 2018 и 2019 година. Секоја година ќе бидат испорачувани по два авиони, а договорот подразбира и нивно одржување и обуката на пилотите.

Ербасите МРТТ се изградени врз основата на „Ербасите А330-200“. Франција е шестата земја која го избра „Ербасот А330 МРТТ“ по Австралија, Саудиска Арабија, Велика Британија и Сингапур, а Индија и Катар се во фаза на завршни преговори.

Покрај авионите, Франција планира да ги модернизира и своите оклопни возила со заментата на старите оклопни транспортери со нови во текот на 2017 и 2018 годиа. Актуелните транспортери што ги користи француската армија се стари над 40 години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм