Во Велес свечено отворени 47. Детски рацинови средби

Од:

Со положување цвеќе на спомениците на Кочо Рацин во неговиот роден Велес денеска започна програмата на 47-те Детски рацинови средби.

Децата од повеќе градови од земјава гости на Рациновите средби потоа традиционално ја посетија Спомен куќата на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес, каде свој перформанс има велешките гимназијалци. Веднаш потоа во салата „Бели Мугри“ свечено беа отворени 47. Детски рацинови средби.

Во своето обраќање до присутните Нада Трајкова, советник во Советот на општина Велес, организаторот на манифестацијата, потсети дека Детските рацинови средби се причина со поетски збор да го вратиме споменот на најголемиот македонски поет на сите времиња.

На средбите беа наградени и најдобрите творби од распишаниот литературен и ликовен конкурс на тема „Рациновите мугри предизвик на ново творештво“.

На конурсот, како што информира Игор Крајчев од Организацискиот одбор на средбите, пристигнале 200 творби од основците, а годинава првпат учествуваа и средношколци од први и втори клас од земјава.

Најдобрите 25 ученици денеска беа поканети на средбите и добија награди и пофалници, а најуспешните и статуетката на средбите, афионова чушка.

Во категорија 6 и 7 одделение прво наградена е Анастасија Митева од ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци, категорија 8 и 9 одделение Дијана Дурлевиќ од ОУ „Димо Хаџи Димов“ од Скопје, а во категорија средни училишта 1 и 2 година, Ангела Јончиќ од СОУ „Таки Даскалов“ од Битола.

На ликовниот конкурс првата награда во категорија 6 и 7 одделение ја доби Иво Мирчев од ООУ„Свети Кирил и Методиј“ од Велес, а во категоријата 8 и 9 одделение најдобар беше Благоја Гроздановски од ООУ „Гоце Делчев“ од Кавадарци. Кај средните училишта првата награда ја освои Буба Мијакова од ОСУ„Јовче Тесличков“ од Велес.

На свеченото отворање на сребите свој настап имаа и писателите за деца Стојан Тарапуза, Наум Попески, Горјан Петрески ,Борче Панов и Трајче Кацаров.

Средбите продолжуваат утре со традиционалниот поетски караван на поетите низ велешките основни и средни училишта.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ