Втор детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“

Од:

Со изведба на претставата „Девојчето, змејот и црните облаци“ в понеделник во Младинскиот културен центар почнува второто издание на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“.

Фестивалот ќе трае три дена, а ќе учествуваат и Театарот Омбрес од Франција со претставата „Пет забавни приказни“ и „Cia quase cinema“ од Бразил со претставата „Животот на Северионо“.

Круме Стефановски, еден од организаторите на фестивалот, денеска на прес-конференција информира дека во „Девојчето, змејот и црните облаци“ е раскажана актуелна тема за загадувањето на градот од железарницата.

– Освен децата и луѓето од градот, железарницата го труе и змејот. Тоа е една интересна приказна во која девојчето оди да го ослободи најдобриот другар, што го грабна змејот,… Во претставата користиме техника која досега никој не ја користел, односно песочна уметност, цртање со песок, тоа го проектираме како видео и преку него играме фигури со сенки. Со тоа успеавме да добиеме друга динамика на овој театар со сенки, истакна Стефановски.

Претставата „Животот на Северино“, според него, раскажува приказна за навраќање кон природата и урбаните проблеми. Французите ќе играат кратки приказни споени во една претстава, интересни различини и динамични.

– Ова е единствен детски фестивал во Скопје и очекувам голем интерес кај публиката. Претставите се интересни, се работи за театри на сенки, изјави Стефановски.

На фестивалот ќе има и работилници каде дечињата ќе може да дојдат да прават фигури и да играат зад платно, да подготвуваат кратки сцени, а на затворањето на фестивалот ќе одиграат кратка презентација на сцените што ќе ги сработат.

Претставите ќе ги гледаат деца од СОС Детско село, деца со даунов синдром, а во тек се преговори и за други маргинализирани групи, кои ќе имаат можност да ги проследат.

Би можело да ве интересира

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија