Пашутин повторно на клупата на Уникс Казан

Од:

Евгениј Пашутин повторно ќе седне на клупата на кошаркарски клуб Уникс Казан.

Рускиот клуб од Казан, му врачи отказ на досегашниот тренер Агирас Педулакис, а на негово место повторно го врати Пашутин.

Лошите резултати на УНИК кој во Евролигата досега има негативен биланс од четири порази и само една победа беа доволна причина раководството на клубот да го отпушти грчкиот тренер Педулакис.
Иако Пашутин се поврзуваше со ангажман во турскиот клуб Трабзон, сепак некогашниот руски репрезентативец, а подоцна и селектор, реши да се врати во Казан, каде го врзуваат убави спомени и добри резултати.

Имено, под негово раководство тимот на УНИКС Казан во 2011 година триумфираше во второто по квалитет европско клупско натпреварување Еврокупот, со што се здоби и со можност за настапи во Евролигата.

Пашутин во текот на својата тренерска кариера покрај селекцијата на Русија, и екипата на УНИКС, работеше и во Спартак од Санкт Перетсбург, московска ЦСКА и Локомотив од Кубан.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос