Мекејлеб ќе дебитира утре против Барселона

Од:

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб се очекува својот деби настап за Баерн Минхен да го има утре против Барселона во Евролигата.

Германскиот клуб преку својата веб страна потврди дека сите документи за Мекејлеб се комплетирани и дека тој можеби уште  утре да се појави во составот предводен од Светислав Пешиќ.

Американецот со македонски пасош има договор со Баерн за  едномесечна соработка со можност по истекот на овој договор да се склучи нов подолгорочен.

-Во овој момент Баерн е најдобриот избор за мене и со нетрпение чекам да заиграм, изјави Мекејлеб по потпишувањето на договорот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос