Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Од:

Откако Управниот суд одлучи петте хектари на манастирот „Св. Наум“ во владение на Македонската Православна Црква да и ги одземе и да ги даде на државата, Владиката Тимотеј најавува дека Црквата ќе поднесе жалба на таа одлука. Тој во телефонски разговор тој рече дека одлуката ќе ја обжалат на Виш Управен.

Ние и вчера во соопштението рековме дека одлуката ќе ја обжалиме на Виш Управен суд – рече Владиката Тимотеј.

Во однос на коментарот за тоа дали знае за кого е наменето земјиштето имајќи во предвид дека на индискиот бизнисмен му беше одземена банкарската гаранција и пропаднаа најавуваните инвестиции во источниот регион, Владиката Тимотеј не сакаше да коментира само потврди дека Црквата не е заинтересирана за никакво отуѓување на нејзиното земјиште.

Не сакам да коментирам дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, но во секој случај Црквата не е заинтересирана за отуѓување на нејзиниот имот – додаде Владиката Тимотеј.

Тој претходно во јавноста рече дека доколку државата сака да го продава атрактивното земјиште по цена од 200 денари за метар квадратен, спремен е тој да го откупи од неа.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата