Три жртви при невреме во Албанија

Од:

Големо невреме синоќа ја зафати речиси целата територија на Албанија, од кое освен материјални штети, недостиг на електрична енергија и други проблеми, регистрирани се и три жртви, јави дописникот на МИА.

Наеднаш надојдената вода на патот кај влезот во градот Лач однела возило во кои патувале татко и ќерка. Загинатиот маж од возилото, каде бил заглавен, го извадиле пожарникари, додека безживотното тело на неговата ќерка било пронајдено утрово на неколку километри од инцидентот.

Третата жртва е момче од селото Скурај кај Курбин, кое го однела надојдена река откако се утнал мостот по кој тој минувал со мотоцикл.

Улиците во Тирана, Драч, Скадар и други градови наликуваа на реки, но засега нема информации за други жртви. Повеќе албански министри во текот на ноќта ги псоетија најзагрозените подрачја, а активирани се и сите противпожарни единици, штабовите за справување со природни непогоди и војската.

Силното невреме, проследено со обилни дождови, елктронски празнења и силни ветрови, предивика големи бранови на приморјето, поради што беше попречено одвивањето на поморскиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја