Распишан конкурс за идејно уредување на двата главни плоштади во Охрид

Од:

Општина Охрид распиша конкурс за избор на идејно архитектонско решение за партерно и хротикултурно уредување на плоштадот „Крушевска Република“ кај Стариот Чинар, како и на главниот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Според одредбите конкурсот ќе биде отворен до 22-ри идниот месец, а заинтересираните своите идејни решенија можат да ги достават по пошта или лично со поднесување во архивата на општина Охрид.

Како што се наведува во конкурсот, уредувањето на двата плоштади треба да придонесе за создавање на плоштади со амбиентален стил што ќе овозможи поефикасна организација на манифестации и уживање во прошетките на граѓаните и туристите. Потребата од уредување е показател за степенот на развој на урбаната култура на населениот, но исто така и потреба од надополнување на содржините кои ќе создадат убави, модерни катчиња и понуда која во текот на целата година ќе ги привлекува домашните и странските посетители. 

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник