(ВИДЕО) 10 и пол години затвор за Љубе Бошкоски

Од:

Кривичниот суд повторно изрече сериозни казни, иако не ги испорача барањата на Апелациониот суд кој ја укина првата пресуда.

Не докажа умисла на секој обвинет поеднинечно, а не понуди ниту нови докази, со што и оваа пресуда повторно е спорна и со извесна судбина во однос на бараните елементи.

Љубе Бошкоски доби казна затвор од 10 и пол години, шефот на обезбедување на екс министерот, Зоран Трајковски 8 и пол години затвор. Ивица Ристиќ 7 години, а за службеникот во МВР, Никола Негриевски затворска казна од 5 и пол години.

Обвинетите пресудата ја примија со аплауз, а Љубе Бошкоски беше свртен со грб кон судиите.

Судот донесе ослободителна пресуда за сите освен за српските државјани за убиството на Киро Јанев, поради немање умисла, односно направи обид делумно да го задоволи барањето на Апелациониот суд, иако умислата остана под знак прашалник за убиството на Марјан Тушевски.

Судот за ваков сериозен предмет и казни не успеа да даде сериозни и логични одговори кои беа барани од одбраната – Каде се тројцата односно четворицата првообвинети српски државјани кои го извршиле убиството и зошто не успеа да ги донесе во Македонија? Дали воопшто и како ги барал судот? Дали за време на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, еден од нив бил во затвор во Србија, а друг бил надвор од Европа?

Сите овие неодговорени прашања поставуваат едно ново и суштинско прашање – како и зошто воопшто се одвиваше процес во кој ги нема првообвинетите, односно убијците во случајов, чиј идентитет практично не е утврден.

ljube-b-10noe

Судот не одговори, како екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски помагал да избегаат српските државјани од Македонија преку граница, кога таа во тоа време границата беше обезбедувана од армијата?

Нема одговор ниту доказ како Бошкоски психолошки го помагал убиството за што ја доби казната – дали ги бодрел убијците, дали се договорал со нив, дали бил со нив?

Казната за Љубе Бошкоски повторно е изречена врз изјава на заштитен сведок – најлесен начин да се казни секој за секакво дело. Заштитниот сведок слушнал од Орце Коруновски дека екс министерот им дозволил да се убијат Марјан Тушевски и Киро Динев.

Заштитниот сведок никогаш ништо не слушнал од Љубе Бошкоски, а не се ни видел со него. Од тука се поставува прашањето -кој ја гарантира веродостојноста на исказот на овој сведок и дали неговиот збор е појак од зборот на тој што се брани? Дали овој исказ е доволен сам по себе и без дополнителни докази за така сериозно дело и казна?

Во целиот случај, „капак“ е приказната за пиштолите кои убијците „му ги оставиле“ на обвинетиот Ивица Ристиќ и му рекле да ги фрли во река – ситуација што ја нема ниту во најаматерските филмови. Од сето тоа како доказ е понуден еден пиштол, за кој не е утврдено ниту кој пукал од него. Дали сите четворица пукале со еден пиштол и дали воопшто е извршено убиство со истиот?

bratLjube-27avgБарањето да се утврди умисла кај Бошкоски не е исполнето-таа се однесува на оној што го извршил дејството односно српските државјани, но не и на Орце Коруновски за кого заштитниот сведок тврдеше дека се сретнал со екс министерот.

Сите овие нејасностии беа причина обвинетите да бараат ослободителни пресуди. И Бошкоски во целиот тек на судењето обвинуваше дека пресудата е нарачана од извршната власт и поради тоа не сака да биде актер во судницата од каде не очекуваше правда.

Воден од ставот „од судскиот циркуз да се направи вистински циркуз“ на сите рочишта намерно влегуваше во конфликт со судијата со цел да биде отстранет од судницата. Одбиваше да учествува и да ја исполнува улогата на обвинет во како што велеше „театарот на власта“.

Тој побара и психијатриско вештачење за судијата- сметаше дека е уплашен поради нарачаната казна која мора да ја испорача. Му се закани и дека еден ден ќе седне на обвинителната клупа поради злоупотреба на службената положба.

Судот пак останува на ставот-тројца убијци, Србите Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ кои се во бегство, се директните извршители на двојното убиство, и одредена им е доживотна затворска казна. Има и четврт Србин, Вук Вукичевиќ, кој исто така е во бегство, според пресудата им помогнал на извршителите на убиството преку илегален премин да ја напуштат земјата и исто така осуден на 15 годишна затворска казна.

Тие ги убиле Марјан Тушевски и Киро Јанев. Бошкоски го поттикнал Орце Коруновски да го испланира убиството со ветување дека нема да има истрага, односно го помагал убиството и нивното бегство преку граница.

Обвинетиот Ивица Ристиќ седел на маса со обвинетите Срби, знаел за планот за убиството, сепак според судската одлука не презел ништо. Според судот, од големиот број сослушани сведоци, материјалните докази и сослушаниот заштитен сведок се потврдува дека поранешниот министер Бошковски му дал „зелено светло“ на Орце Коруновски да го испланира убиството со однапред дадено ветување дека никогаш нема да се поведе истрага и тој е прогласен за виновен за помагање на убиство.

Неговиот некогашен шеф на обезбедување, сега обвинетиот Зоран Трајковски е прогласен за виновен бидејќи од исказите на сведоците произлегло дека не постапил согласно својата службена должност. Службениците на МВР, обвинетите Никола Негриевски и Гоце Митровски, според судската одлука, не постапиле според нивната службена должност за да се расветли двојното убиство.

Казно добија сите според судот „помагачи“ на убиството, а убијците остануваат на слобода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска