Станот од 22 метри квадратни во Њујорк е дом на една двојка. Тие паметно го искористиле малиот простор. Еве неколку примери:
1. Чистење на просторот од непотребни работи
Џордан и Тобин имаа многу непотребни работи во малиот стан. Одлучиле да направат приоритет и го исчистиле станот од работи кои не се од големо значење. Така добиле неопходен простор во малиот стан.
2. Креативен мебел
Кревет кој се претвара во кауч е неопходен за овој дом. Во домот има и маса со четири столици кои излегува од ѕидот, и зазема малку простор кога не се употребува.
3. Вертикален систем
Во станot има многу работи кои се наоѓаат над плакарот, над креветот, над каминот.
4. Користење секој дел од станот
Секој дел од станот е искористен мудро. Куките за закачување служат за секојдневните работи, како што се што се торби и чадори. Тоа се паметни решенија кои обезбедуваат место за се, а просторот е максимално искористен.
5. Магацин
Едно прашање кое се наметнува кога ќе видиме мал стан на фотографиите и блоговите е: „А каде се сите работи?“. Во нивниот случај, постои магацин неколку блокови од ниовниот дом, каде ги носат работите секоја сезона.