Роботот Филе пронајде органски молекули како и неочекувано тврдо тло на кометата 67П/Чурјумов-Герасименко, соопштија денеска научници врз основа на анализи на први податоци од примероци.
Малата сонда од саботата е во хибернација поради испразнети батерии. Претходните 60 часа спроведе истражување на кометата која оди кон Сонцето со брзина од 18 км/секунда.
Контролниот центар во Келн соопшти дека Филе собрал голем број податоци за анализа.
– На пат сме да постигнеме подобро разбирање на кометите, изјави Екерхард Курт, директор на проектот.
Првита анализи покажуваат дека сондата во кометата пронашла органски молекули што претставуваат елементи од животот на Земјата. Тоа откритие би можело да разјасни дали состојките битни за настанување на животот на нашата планета, дошле со комети.
Останатите анализи покажуваат дека најголем дел од кометата е прекриена со мраз и тенок слој на прашина со дебелина од 10 до 20 см. По 10-годишно патување сондата Розета минатата среда за првпат успешно спушти роботска лабораторија на површина на комета.