СДСМ: Министерството не негира дека дало 45.000 евра за награди на Скопскиот фестивал

Од:

Министерството за култура не негира дека дало вкупно 45.000 евра пари на граѓаните за награди на Скопскиот фестивал, кај коишто беа откриени местења. Министерството дури не негираше дека астрономските хонорари за естрадните уметници имаат корупциска позадина!

Дрско, иако се работи за пари на нас граѓаните, Министерството за култура најави дека останува на непринципиелните политики:

-Писателите да добиваат од 30 до 120 илјади денари за своите авторски дела, или од 500 до најмногу 2.000 евра,

-Најпрестижната награда Браќа Миладиновци да не е повисока од 100 илјади денари или ни цели 2.000 евра,

-Ликовните уметници да добиваат 30 до 60 илјади денари, или 500 до 1000 евра за изложби, само како продукциски трошоци, а откупот на дела да биде околу 1000 евра.

-Режисерите на претставите да не добиваат повеќе од 300 илјади денари или 5.000 евра, а костимографите да добиваат до 1000 евра,

-Наградите на фестивалите да бидат по 20.000, 15.000 и 10.000 евра.

Министерството за култура не објасни на што се должат овие рангирања, што упатува на тоа дека принципи нема, туку има задоволувања интереси, во коишто изгледа е вмешана власта, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите