Собранието нема решение за тактиката на Талат Џафери

Од:

Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери продолжува со одолговлекувањето и институционалното блокирање на законот за бранители.

Тој на седницата на Комисијата за Труд и социјална политика продолжи и денеска со неговата тактика, овојпат со напишани листови кои им ги дели на пратениците и на кои кратко објаснува зашто нема да дозволи да се донесе законот за бранителите.

Талат Џафери појаснува дека носењето на овој закон ќе предизвика меѓуетничка криза и затоа не треба да се донесе.

Џафери повтори дека ДУИ ќе го спречи донесувањето на законот на институционален начин и дека нема потреба од негово носење зашто бранителите добиле закон за нивните права во 2002. година.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи