А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Водата во Охридското Езеро добра, во Преспанското треба да се подобри

by А1он18/11/2014 - 12:35171
Share0

Квалитетот на водата на Охридското Езеро е на задоволително ниво. За Преспанското се преземаат мерки за подобрување на водата која треба ги постигне резултатите кои се очекуваат.

Добивај вести на вибер

Ова денеска беше истакнато на претставувањето на клучните наоди на Иницијалниот извештај за карактеризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро, подготвен во согласност со Рамковната директива за води на ЕУ

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски ја нагласи важноста на Извештајот за категоризација на езерата кој, како што рече, е клучна делница во остварувањето на Рамковната директива за води и клучна насока за управувањето и заштитата на води во Дримскиот басен.

– Нашата цел е да ги заштитиме водите во регионит и со нив да управуваме следејќи ја европската легислатива. Затоа во согласност со тоа нашите заштитени појаси се третираат како појаси за користење на вода за пиење, за заштита на разновидноста на живиот свет, користење на економските вредности, за рекреативни цели, како сензитивни води од загадување со нутриенти и зони на заштитени водни живеалишта, истакна Темелковски.

Извештајот, додаде заменик-министерот, ќе ги престави елементите на состојбата на водните басени на езерата како што се биолошките, хемиските и геоморфолошките, но ќе ги даде и насоките за квалитетен мониторинг на состојбите и квалитетот на езерата.

Според заменик амбасадорот на Германија во Македонија, Ханс Хелге Зандер, Извештајот покажува дека Македонија е во добра позиција, затоа што квалитетот на водите, споредбено со германските води е подобар.

– Ќе ми биде задоволство да видам вие да не ги направите грешките што ние ги направивме преку загадување на нашите води со индустриски отпад, хемикалии… Треба да ја искористите таа можност што ја имате и да ги зачувате водите во состојбите во која што се сега во моментов и да го подобрите нивниот квалитет, рече Зандер.

Нивното зачувување денес, потенцира Зендер, е многу поевтина опција отколку да ги искористите неодржливо, а потоа да мора да се вратат во нивната претходна состојба односно во состојба која ќе може одржливо да се користат.

Извештајот е изработен за две години и е во рамките на проектот  на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) за регионална конзервација и одржлива употреба на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро. За негова реализација потрошени се околу два милиона евра. 

ekologijaezera

Би можело да ве интересира

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Горан Наумовски17/09/2025 - 19:07

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 11:1029/03/2025 - 11:56

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ06/11/2024 - 09:3510/11/2024 - 23:03

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Горан Наумовски19/06/2023 - 12:42

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он05/05/2022 - 16:18

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска13/01/2022 - 11:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен