Жерновски: Не во Собранието, ние ќе учествуваме во Владата

Од:

За да ја дефокусира јавноста од сериозните проблеми власта продуцира етнички конфликти, апси сегашни и поранешни функционери, рече на трибината во Гевгелија лидерот на ЛДП Андреј Жерновски.

„Почнуваат да вадат афери за Евровизискиот фестивал и да ги наоѓаат виновниците. Не ги најдоа гласачите од Пустец, но ги најдоа гласачите од Евровизискиот фестивал. Сега не прашање како да се преживее месецот, туку денот, а власта безмилосно троши. Панорамското тркало чини 18,5 милиони евра. 10 милиони евра фасадата на владата, дополнителни 3 милиони евра за ентериерот на владата. 13 милиони евра доби Градот за барокни фасади“, рече Жерновски, но посочи граѓаните се исплашени, уценити, иако власта владее со притисоци, сепак влева надеж денешната слика од протестот на студентите.

„Зад овој протест не стоеше ниту една политичка партија, но повеќе илјади млади луѓе излегоа на улиците. На власта и се случува, тоа што допрва ќе и се случи. Граѓаните ќе и кажат доста е“, рече Жерновски.

Лидерот на ЛДП посочи дека се лаги и измислици пишувањата во некои медиуми дека опозицијата не е единствена, сплотени сме како никогаш досега, а тие ќе заминат од власт.

„Преокупирани се што ќе правиме ние, дали ќе влеземе во Собранието. Ние се подготвуваме за друго, туку ќе влеземе и ќе учествуваме во владата“, рече Жерновски.

Тој посочи дека Владата сама се бомбардира, за нападот и пожарите врз Владата нема информација кој го направил тоа, за Субрата Рој не убедуваат дека дури и не го познаваат, а бомбата која стигна од Вашингтон вели дека ние сме земја со 30% невработеност.

Би можело да ве интересира

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски