Шекеринска: Маските паднаа, имаме докази за криминалот на власта!

Од:

Опозицијата трга во битка без штедење. Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска вечерва од Гевгелија ги повика граѓаните да се придружат во битката за уривање на оваа власт.

Вербата, рече, не сме ја изгубиле. Секој проблем Владата го решава со казна, но казна за тоа што и одговара.

„Каква е таа држава во која ако ви дојде соседот да го поправи шпоретот ќе бидете казнети, но нема казна за министерот за финансии кој го крие долгот на државата. Не е нормално да има казни за фалсификаторите за песна за Евровизија, а да нема казни за фалсификаторите на избори. Субрата Рој е слика и прилика каква држава сакаат да направат од Македонија“, рече Шекеринска.

Таа посочи дека во собранието не се враќаат не поради инает туку се работи за сериозно обмислена одлука, бидејќи рече, наредните избори не смеаат да бидат со криминал, измама и срам.

„Слушаме многу критики и прашања каде е опозицијата, ние сметавме дека прво треба домашната задача да си ја завршиме, па да излеземе во јавноста. Имаме докази за криминалот на власта, и и ги должиме на јавноста. Маските паднаа. Сега самите тие доаѓаат кај нас и ни велат дека имаат докази за поголем криминал кај некој друг“, рече Шекеринска.

На трибаната во Гевеглија таа посочи дека Македонија повторно е буре барут и тоа 13 години по конфликтот и 8 години по кандидатскиот статус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски