Дисциплинскиот комесар на регионалната кошаркарска АБА лига ги изрече казните за бугарскиот тим Левски од Софија, по инцидентот кој се случи за време на натпреварот со белградски Партизан.
Бугарскиот тим Левски заработи висока казна по повеќе основи, вклучувајќи го и упадот на навивачите на теренот.
Левски ќе треба да плати парична казна од 5.500 евра, а воедно следните два натпревари на домашен терен, против Цибона и Црвена звезда, ќе мора да ги одигра пред празни трибини.
Потсетување дека на натпреварот одигран во саботата во Софија, по нередите на трибината, дел од домашните навивачи влегоа на теренот по што мечот беше прекинат.
По продолжението на средбата која се доигра пред празни трибини, гостите од Белград славеа победа со 98:66.