Реакција на СДСМ на изјавата на Коце Трајановски

Од:

Потребно и корисно е да се заменат сите контејнери во Скопје со подземни.

За жал, за тоа нема предвидено пари во Буџетот на Град Скопје за оваа и за следната година, така што ќе остане запаметено само денешното сликањето на Коце Трајановски и Ивица Конески до трите контејнери во општина Аеродром.

Во услови кога Скопје се соочува со рекордна загаденост на воздухот, од Коце Трајановски се очекуваат далеку посериозни мерки за проблемот.

Ниту во нацрт буџетот за 2015 година, Коце Трајановски нема предвидено никакви дополнителни мерки за намалување на загаденоста во Скопје.

За жал, здравјето на сите граѓани на Скопје, без разлика на политичката припадност и идната година ќе остане во заложништво на спомениците, плоштадите и фонтаните на Коце Трајановски и неговиот раскош и луксуз.

Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство