Вонредна седница на Советот на Охрид за исклучувањето на струјата во најголемото основно училиште во градот

Од:

Советот на општина Охрид во моментов одржува вонредна седница, со единствена точка на дневен ред – предложената одлука за исплаќање на долгот на Основното училиште „Григор Прличев“ кон ЕВН за потрошена електрична енергија.

Најголемото основно училиште во градот од минатата седмица е без струја откако поради неподмирен долг кон ЕВН објектот беше исклучен од електричната мрежа, а наставата веќе неколку дена се одвива во незагреани училници и со скратени часови од осум до 13:30 часот.

Локалната самоуправа претходно информираше дека води разговори со доверителите лиии побарувања изнесуваат над осум милони денари во имотно-правен спор со училиштето стар 25 години.

Во ОУ „ Григор Прличев“ наставата ја следат 1.100 основци.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид