ЕВН го предупредила „ОУ Григор Прличев“ за струјата

Од:

Веќе шести ден во ОУ „Григор Прличев“ нема електрична енергија, а учениците по зимски јакни наставата ја следат со скратена програма и без греење. Причината за оваа ситуација е сеуште неисплатениот долг од страна на училиштето кон ЕВН.

Долгот кој училиштето треба да го исплати кон ЕВН заклучно со 05.11.2014 година изнесува 736.120 денари, дознава А1он. ЕВН навремено го предупредила училиштето дека доколку не ги подмири своите обврски, ќе го исклучи системот за напојување со електрична енергија.

По исклучувањето на струјата, градоначалникот Бакрачески ги обвини претходните раководства дека не презеле ништо за решавање на проблемот со ОУ „Григор Прличев“.

10805281_10205038783391003_242130226_n

Пред неколку дена тој истакна дека проблемот настанал со блокирање на сметката на училиштето заради имотно – правен спор што го попречувало училиштето да го плати долгот кон ЕВН.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија