Федерер и Вавринка се степале во соблекувална?

Од:

Сонародниците Рожер Федерер и Стен Вавринка играа драматично полуфинале на завршниот Мастерс турнир во Лондон, но драмата продолжила во соблекувалната каде се развила жестока пресметка.

Вавринка го обвинил Федерер дека човек од неговата ложа го деконцентрирал во решавачките моменти од мечот извикувајќи во текот на играта, а медиумите тврдат дека се работи или за неговата сопруга Мирка или за таткото Роби.

„La Tribune de Genève“ пренесува дека покрај жестоката вербална дискусија во соблекувалната, се случила дури и физичка пресметка, па оттаму и повредата на грбот на Федерер.

Како и да е, Федерер поради повреда на грбот го откажа финалето во Лондон, а Ѓоковиќ без борба го одбрани трофејот освоен лани.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров