Силен земјотрес во Нов Зеланд

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Нов Зеланд, а Агенцијата за цивилна одбрана соопшти дека не постои опасност од цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал во морето, на околу 200 километри од градот Гизборн на Северниот остров, на длабочина од 35 километри, објави американскиот Геолошки институт.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Пред три години во земјотрес со интензитет од 6,3 степени загинаа 185 лица во Нов Зеланд.

Во 1855 година Велингтон беше погоден од силен земјотрес со интензитет од 8,2 степена, при што загинаа четири лица, а географската структура на градот е целосно изменета.

Би можело да ве интересира

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите