Издадено е ново CD со духовна музика „Страдањата Господови“, од концертот кој се оддржа на 25 април 2013 лето Господово во Универзалната сала во Скопје.
Вљубениците во источно-православната музика ќе можат да го најдат споменатото музичко CD во манастирските продавници или да го порачаат на телефон 070 342 970.
– Оваа прекрасна, духовна, музичка манифестација со избрани стихири од Страсната седмица, беше спонзорирана од Министерството за култура и реализирана во соработка со Македонската Филхармонија, а во изведба на познатиот поп пејач Димитар Андоновски, нашата драга гостинка од Грција, реномиран изведувач на византиски песни, Нектарија Каранѕи, монахиња Касијана и хорот на Бигорскиот манастир, велат во Бигорскиот манастир.
Со неа Бигорската обител и неговите соработници одбележаа два значајни јубилеа – 1700 лета од објавувањето на Миланскиот едикт на светиот и благоверен цар Константин Велики, со кој најпосле престана гонењето на светата Христова Црква и 1150 лета од славната богоблагословена Моравска мисија на нашите родоначалници и најсвети татковци, светите рамноапостолни и сесловенски учители и просветители, Кирил и Методиј.