Четири лица загинаа во лизгање на земјиштето, кое ги погоди нивните домови во пограничниот регион меѓу Италија и Швајцарија синоќа, а петто лице се води како исчезнато во близина на италијанскиот пристанишен град Ѓенова. Свлечиштата се појавија по неколкудневните поројни дождови и поплави во регионот.
Италијанските власти соопштија дека 70-годишен маж и 16-годишна девојка загинале, кога нивната куќа во Черо ди Лавено, на границата со Швајцарија, била разурната од налетот на голема количина земја.
Швајцарските власти соопштија дека две жени загинале при лизгање на земјиштето, кое погодило зграда покрај Лугано, од швајцарската страна на границата.
Од под урнатините на зградата е извлечен 44-годишен Италијанец, кој е хоспитализиран. Освен него во несреќата има уште тројца ранети. Полицијата продолжува да трага по други исчезнати лица.
Италијанските властите имаат информации за исчезнување на 67-годишен маж во Сера Роко, село покрај Џенова во севернозападната италијанска област Лигурија.
Свлечиштата го блокираа сообраќајот на неколку автопати во регионот, а неколку реки се излеаја од коритата и големи количини кал се истурија на улиците на Џенова и соседните населени места.