ВМРО-ДПМНЕ: Новата итна медицинска помош во Лабуништа од големо значење за жителите

Од:

Новата Итна медицинска помош во струшкото село Лабуништа ќе опслужува повеќе од 7.000 илјади жители од ова село и 2.000 жители од околните места, со што наскоро здравството ќе стане 24 часа достапно за повеќе од 9.000 жители од струшкиот регион, рече денеска на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајлоска.

Според Исмајлоска, итната медицинска помош во Лабуништа решава еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваа жителите на ова село.

– Жителите од овој дел на Македонија со години беа запоставувани и никој досега не ги слушна нивните проблеми, потреби и сугестии, ниту пак ги реши. Сите ветуваат, но никој не оствари. Затоа ова преставува еден огромен успех.Сите граѓани на Република Македонија имаат право на здравствена услуга по највисоки стандарди, што е неопходно за здрав и квалитетен живот. Токму затоа решавањето на овој проблем е од огромно значење за жителите на Лабуништа, наведе Исмајлоска.

Според Исмајлоска, проблемот на жителите од Лабуништа со немањето  брза помош  се решава како резултат на секојдневната комуникација со граѓаните низ цела Македонија.

– Ова е само една од многуте мерки и инвестиции кои се веќе завршени или се во фаза на реализација со кои значително ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите на село Лабуништа, рече Исмајлоска и најави дека покрај итната медицинска помош во скоро време жителите ќе добијат и мултифункционално игралиште.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања