Вечер на поезија и потрет на Ацо Шопов во Велес

Од:

Учениците од велешката Гимназија „Кочо Рацин“ вечерва во медиотеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес го претставија портретот на поетот Ацо Шопов и неговата поезија.

Гимназијалците предводени од своите професорки по македонски јазик  Александра Стојановска и Весна Павлова  кои работеа со нив, настапија со антологиската песна „Очи“ на Ацо Шопов, а која се провлекуваше низ целата програма заедно со „Небиднина“, „Разговор со синот“,„Убавина“, „Раѓање на зборот“ „Молитва“ и други од неговата поезија.

Како што појасни професорката Александра Стојановска, Ацо Шопов е поет кој одбележува една епоха од развитокот на македонската поезија, епоха во која се формираат основните начела и конвенции на новата македонска книжевност.Тој првите поетски творби ги објави во 1944 година.

– Дирекно надоврзувајќи се на предводничките стихови на Константин Миладинов и Кочо Рацин, овој истакнат лиричар уште на бојното поле пропеал младешки и заносно, со што мошне автентично ја најавил својата индивидуална поетска личност, потенцира Стојановска.

Претставувањето на портретот на Ацо Шопов беше дел од програмата на Општина Велес  која овој месец со повеќе манифестации и литературни вечери на истакнати македонски писатели и поети, одбележува 75 години од излегувањето на стихозбирката „Бели Мугри“ на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон