Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ е првиот финалист Мастерс турнир во Лондон откако попладневово полуфиналето го совлада Јапонецот, Кеи Нишикори со 2-1, по сетови6:1, 4:6 и 6:0.
Србинот се наоѓа во серија од 31 последователна победа во сала, а Нишикори е првиот тенисер кој успеа да му одземе сет на Ѓоковиќ по полуфиналето во Шангај.
Во второто полуфинале на завршниот АТП турнир, вечерва од 21 часот ќе играат сонародниците од Швајцарија Рожер Федерер и Станислас Вавринка.