Дизајнерот Џенс Рисом во 1967 година одговори на предизвикот дизајнирања на преубави монтажни објекти до 25.000 долари. Многумина сметаа дека таквиот проект е невозможен во тоа време.
Резултатот е неверојатен „Блок ајланд“, куќа наменета за семеен одмор, настана пред повеќе од четири децении, а се користи и денес.
Монтажната викендичка и денес стои гордо на остров со мал камен ѕид околу неа. Со величенствена платформа, голем стаклен ѕид кој ја носи природата внатре и топли дрвени површини. Викендичката е инспирирана од поранешниот живот на Рисом во Данска и неговите идилични летни домови.
Додека во текот на 60-тите владееше „освежувачка и револуционерна“ архитектура, Рисом бил инспириран од рустикалниот стил.
Ова дрвена монтажна викендичка се простира на две нивоа. Првото ниво има две спални соби, бања, кујна, дневна соба со трпезарија, а горниот кат содржи дополнителни соби за спиење.