(ВИДЕО) Орцев: Субвенциите не се милостина на власта на Никола Груевски

Од:

„Каде се субвенциите за земјоделците, неисплатени сеуште за 2013 година, ако е толку силна определбата на власта на Груевски кон земјоделството?

Срамно е објаснувањето на Груевски дека токму за субвенциите имало процедурални и технички причини поради што тие останале неисплатени.

Требаше да се слушнат најави за протести со кои земјоделците ќе си ги бараат законските права, за наводно посветената власт и Груевски да мора да најави исплата на заостанатите субвенции и почеток на исплата на субвенциите за житните култури за 2014 година и тоа на месец ипол пред крај на годината“, изјави Панче Орцев, пратеник и член на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Така не се планира производство и ова не е посветеност.

Почитта на земјоделскиот труд значи редовно субвеницонирање. Само така земјоделецот може да го планира своето производство.

Еве ги разликите од планираното до реализираното.

Во 2013 година на земјоделците им се исплатени околу 40 милиони евра помалку од планираните.

Од 2010 до 2013 во просек земјоделците добивале над 30 милиони евра помалку по година во однос на предвидените пари во Буџетот.

 

Показател 2010 2011 2012 2013 Вкупно Просек
Планиран износ во буџет 99.036 110.098 127.663 135.049 471.846 117.962
Исплатен износ по завршна сметка на буџет 79.575 64.918 92.500 95.840 332.841 83.210
Разлика 19.461 45.180 35.163 39.200 139.004 34.752
Однос-испитано: планирано (%) 80,3 59,0 72,4 70,9 70,5 70,5

 

*Податоците се од завршните сметки на буџетите објавени во Службен весник на РМ бр. 138 – 2011, 114-2012, 157-2013 и 107-2014 год.

Субвенциите не се милостина на власта на Никола Груевски, како што таа сака да ја претстави нивната наводна грижа. Субвенциите законски им следуваат на земјоделците и тие имаат законско право да ги добиваат навреме.

Сега Никола Груевски нека им одговори на луѓето кои по полињата го оставаат својот тежок макотрпен труд – каде оделе нивните пари?

Зошто сите милионски фонтани и тркала биле поважни од нивната пот“, изјави Панче Орцев.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите