Вучиќ: Имам поважни работи од Шешељ

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека има многу поважни работи и нема да се занимава со привременото ослободување на лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ од затворот во Хаг.

-Толку многу приказни имам слушнато за тајните кои Шешељ ќе ги открие и навистина немам што да речам. Имам многу поважни работи, договорот со „ Железара“ Смедерево, „ФАП“, преговорите со ММФ-рече Вучиќ во врска со ослободувањето на Шешељ.

Тој додаде дека не стравува од тоа дека оние кои што не се задоволни од своите позиции во Српската напредна партија ќе се вратат со радикалите и истакна дека е добро секој да го покаже вистинското лице.

-Кој сака да си оди вратата му е отворена. Додека имам поддршка да бидам премиер, ќе бидам премиер. Кога нема да имам поддршката, нема да бидам ни тоа, ниту претседател на СНС, бидејќи мене не ми треба никој да ме чува од кого било. Јас ги работам само најдобрите работи – рече Вучиќ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он