Четирикратниот убиец во Албанија ќе одговара за убиство со умисла

Од:

Обвинителството во Тирана денеска покрена обвинение против Константин Џувани како главен осомничен за четирикратното убиство пред тиранскиот ноќен клуб „Анте гранд“, јави дописникот на МИА.

Во обвинението, потпишано од обвинителите Ерион Пано и Енклит Ѓини, стои дека тој се товари за „Убиство со умисла на две или повеќе лица“ и за „поседување оружје без дозвола“. Џувани денеска бил запознат со обвинителството во затворот во Фуш Крууја, каде е во притвор, при што не се противел, но и одбил да зборува.

Џувани (26) на 4-ти овој месец, усмрти тројца албански и еден италијански државјанин. Еден од албанските државјани, Арбр Демирај (19) е син на поранешен обвинител, бил застрелан при обид да го смири Џувани, додека Италијанецот Џанпаоло Азоло бил убиен од заталкан куршум. Со останатите двајца, Енеј Џаи и Едисон Јахо, Џувани се скарал за доза кокаин, кој му била потребна, а во мигот немал пари да ја плати.

Константин Џувани е син на екс-социјалистичката пратеничка Луиза Џувани, која по инцидентот поднесе оставка, и на познатиот албански режисер Ѓерѓ Џувани. Неговиот другар Ералд Сида, кој се сомничи за соучество, останува во затворски притвор, бидејќи истрагата за него продолжува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја